ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Година: 2015 Број: 4
Датум на издавање: 03/19/2015

Општина: Совет на Град Скопје
Тип:Одлука

Наслов: ОДЛУКА за примање на донација на спомен обележја на Македонски паметник за жртвите на холокаустот
Текст:Врз основа на член 36 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија” број 05/02), а во врска со член 7 од Законот за донации и спонзорства во јавните дејности (“Службен весник на Рeпублика Македонија”, бр. 47/06, 86/08, 51/11 и 28/14), Советот на Град Скопје на четириесет и првата седница, одржана на 17 март 2015 година, донесе
ОДЛУКА
за примање на донација на спомен обележја на
Македонски паметник за жртвите на холокаустот

Член 1
Со оваа одлука Градот Скопје прима донација на спомен обележја на Македонски паметник за жртвите на холокаустот од ФОНД НА ХОЛОКАУСТ НА ЕВРЕИТЕ ОД МАКЕДОНИЈА во форма на скулптурална композиција изработена во бронза и поставена на постамент.

Член 2
Се овластува Градоначалникот на Град Скопје да склучи Договор со давателот на донацијата, со кој ќе се регулира намената и начинот на користење на донацијата.

Член 3
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавување во “Службен гласник на Град Скопје“.

Број 07 – 2785/1
17 март 2015 година
С к о п ј е
СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
м-р Ирена Мишева,с.р

Në bazë të nenit 36 të Ligjit për vetëqeverisje lokale („Gazeta zyrtare e RM-së” numër 05/02), dhe në lidhje me nenin 7 të Ligjit për donacione dhe sponsoritet në veprimtaritë publike (“Gazeta zyrtare e RM-së”, nr. 47/06, 86/08), Këshilli i Qytetit të Shkupit në seancën e dyzetenjëtë, të mbajtur më 17 mars 2015, solli

VENDIM
për pranimin e donacionit monument përkujtimor
-Memoriali maqedonas për viktimat e holokaustit-


Neni 1
Me këtë vendim Qyteti i Shkupit pranon donacionin monument përkujtimor – Memoriali maqedonas për viktimat e holokaustit- nga “FONDI I HOLOKAUSTIT TË HEBRENJVE NË MAQEDONI” në formën e kompozimit skulptural në bronz dhe me postament të vendosur.

Neni 2
Ngarkohet kryetari i Qytetit të Shkupit të lidhë Kontratën me dhënësin e donacionit, me të cilën do të rregullohen qëllimi dhe mënyra e shfrytëzimit të donacionit.

Neni 3
Ky vendim hyn në fuqi ditën e shpalljes në “Lajmëtari zyrtar i Qytetit të Shkupit “.