ЕЛЕКТРОНСКИ СЛУЖБЕН ГЛАСНИК НА ГРАД СКОПЈЕ

Година: 2004 Број: 12
Датум на издавање: 12/14/2004

Општина: Совет на Град Скопје
Тип:Програма

Наслов: Програма за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје
Текст:Врз основа на член 61 став 1 точка 5 од Статутот на Град Скопје, Советот на Град Скопје, на четириесет и седмата седница, одржана на 30 ноември 2004 година, донесе
П Р О Г Р А М А
за одбележување на значајни настани и истакнати личности со спомен-обележје
I. Вовед


Поаѓајќи од историската позиција и карактерот на Градот Скопје како град со богато историско мината и едно од најстарите цивилизациски жаришта, а сега главен град на Република Македонија во кој се концентрирани најголемиот дел од материјалните и духовните, популационите и стопанските, како и креативните и творечки потенцијали на Републиката се предлага Програма со која се утврдува потребата и обврската на Градот Скопје за одбележување со спомен-обележје на истакнати личности од историјата и културата. Во знак на почит и грижа на граѓаните на Градот Скопје, за зачувување на споменот на нивниот лик и дело, како и со цел да се збогатат јавните градски површини со уметнички и архитектонски дела и творби што со своите содржини и ознаки ќе ја изразат ваквата почит и грижа, се одбележуваат:

II. Личности кои ќе се одбележат
Со оваа Програма, Градот Скопје се определува за подигање спомен-обележје на следниве личности: III. Податоци за личностите и нивното значење, место каде ќе се подигне спомен-обележје, основните елементи за текстот што се истакнува на обележјето и рокот за подигање се утврдуваат со Одлука на Советот на Град Скопје за секое спомен-обележје одделно. IV. Извор на средства за финансирање на подигањето и јавното промовирање на спомен-обележјето V. Реализација на Програмата За подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата и користењето на секое спомен-обележје содржано во Програмата, Советот на Градот Скопје ќе донесе одлука.

За секое спомен-обележје содржано во Програмата, односно за спроведување на постапката за неговото подигање, Советот на Градот Скопје именува одбор за подигање на спомен-обележјето. Составот и делокругот на одборот се определува во актот за неговото именување. Оваа Програма е отворена и за други содржини, односно може да се дополнува и со други значајни личности. Иницијатива за дополнување на Програмата можат да дадат до Советот на Градот Скопје, правни и физички лица. VI. Оваа Програма влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен гласник на Град Скопје”. Број 09-3293/1
30 ноември 2004 година
С к о п ј е

СОВЕТ НА ГРАД СКОПЈЕ
ПРЕТСЕДАВАЧ,
Страшо Нелковски,с.р.